Авион на Туркиш Ерлајнс со 143 патници и осум члена на екипажот синоќа се излизгал од пистата на аеродромот во Приштина, Косово за време на слетувањето, потврдија официјални лица.
Ниту еден од патниците не е повреден. Тие први ја јавија веста од нивните Фејсбук и твитер профили.
На летот ТК 1018 од Истанбул имаше мал инцидент, но за среќа никој не е повреден, изјави портпаролката на аеродромот Валентина Гара.
„Фала му на Господ, се спасивме од трагедија“, напишал на својот Фејсбук профил еден патник, чии фотографии ги презеле и локалните медиуми.
Властите ја испитуваат причината за инцидентот.
Аеродромот утринава е затворен за сообраќај.