АВИОН ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА СЕ УРНА ВО ШВАЈЦАРИЈА, 20 ЗАГИНАТИ

    АВИОН ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА СЕ УРНА ВО ШВАЈЦАРИЈА, 20 ЗАГИНАТИАвионот бил целосно пополнет кога се урнал во планините (Фото: Ројтерс)

    Се верува дека 20 луѓе загинале откако туристички авион со потекло од Втората светска војна се урна во планините во Швајцарија.

    Авионот од типот „јункер ЈУ-52 ХБ-ХОТ“ може да прими 17 патници и три члена на екипажот и локалните медиуми објавија дека тој бил целосно пополнет за овој лет. Причината за падот засега не е позната.

    Еден сведок изјави дека „авионот свртел за 180 степени и удрил во почвата како камен“. Освен што ја потврди несреќата, полицијата не објави други детали. Авионот се урнал на надморска височина од 2.540 метри.

    Операторот „ЈУ-ер“ ја изнајмува својата флота на стари авиони за тури на панорамско разгледување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира