АВИОНИТЕ „БОИНГ 737 МАКС“ ПОВТОРНО МОЖЕ ДА ЛЕТААТ ПО ДВЕТЕ НЕСРЕЌИ ВО КОИ ЗАГИНАА 346 ЛУЃЕ

    АВИОНИТЕ „БОИНГ 737 МАКС“ ПОВТОРНО МОЖЕ ДА ЛЕТААТ ПО ДВЕТЕ НЕСРЕЌИ ВО КОИ ЗАГИНАА 346 ЛУЃЕСите авиони „боинг 737 макс“ беа приземјени во март 2019 (Фото: Ројтерс)

    Американските регулатори им дозволија на авионите „боинг 737 макс“ повторно да летаат, симнувајќи ја забраната која беше воведена во март 2019 по две несреќи во кои загинаа вкупно 346 луѓе. Ова е важен момент за „Боинг“, кој падна во голема криза поради трагедиите и истрагите, во кои грешките на компанијата беа наведени како причина за несреќите.

    Постојните авиони ќе мора да бидат модифицирани пред да се вратат во служба, што подразбира и промени во дизајнот и софтверот, а пилотите ќе мора да поминат низ тренинг.

    „Со оваа одлука авионите можат моментално да се вратат на небо. Сметаме дека со бараните измени во дизајнот е елиминирано она што ги предизвика несреќите“, соопшти Федералната агенција за авиосообраќај на САД (ФАА).

    Несреќите на „боинг 737 макс“ во Индонезија и Етиопија се случија во период од пет месеци и како причина за нив беа посочени проблеми во софтверот за автопилотот.

    „Целосно сме убедени во безбедноста на авионите. Направивме сѐ што беше во нашата моќ за да обезбедиме вакви несреќи веќе да не се повторат“, изјави шефот на ФАА, Стив Диксон.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира