АВСТРАЛИЈА КАЖА ДЕКА ЌЕ ЈА ПРИЗНАЕ ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА

    АВСТРАЛИЈА КАЖА ДЕКА ЌЕ ЈА ПРИЗНАЕ ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВАПремиерот Албаниз рече дека добил ветувања дека Хамас нема да игра никаква улога во каква било идна држава (Фото: АП)

    Австралија ќе го следи примерот на Канада, Франција и Велика Британија и ќе ја признае палестинската држава на следното Генерално собрание на Обединетите нации во септември. Премиерот Ентони Албаниз кажа дека Палестинската самоуправа се согласила со демилитаризација и одржување парламентарни избори и ќе продолжи да го признава правото на Израел на постоење.

    Решение со две држави е најдобрата надеж да се прекине циклусот на насилство на Блиски Исток и да се стави крај на конфликтот, страдањето и гладот во Газа“, изјави Албаниз.

    Израел, кој најави нова офанзива во Газа додека се наоѓа под засилен меѓународен притисок да ја заврши војната, вели дека со признавањето на Палестина се наградува тероризам. Од почетокот на војната се убиени повеќе од 61.000 луѓе, а 217 Палестинци починале од глад.

    Палестинската самоуправа, која контролира делови од Западен Брег, претходно изјави дека признавањето на државноста ја покажува растечката поддршка за самоопределување на нејзиниот народ. Албаниз рече дека одлуката била донесена откако неговата влада добила ветувања од претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, дека Хамас нема да игра никаква улога во каква било идна држава.

    САД кажаа дека нема да го следат овој тренд, сметајќи дека признавањето е награда за Хамас. Палестина досега ја признаа 147 од 193 членки на ОН.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира