АВСТРАЛИЈА РАЗВИВА 15-МИНУТЕН ТЕСТ ЗА КОВИД-19 ШТО СЕ БАЗИРА НА ПЕКАРСКИ КВАСЕЦ

    АВСТРАЛИЈА РАЗВИВА 15-МИНУТЕН ТЕСТ ЗА КОВИД-19 ШТО СЕ БАЗИРА НА ПЕКАРСКИ КВАСЕЦИстражувачите велат дека нивниот тест функционира на сличен начин како тест за бременост

    Австралиски истражувачи развиваат нов, 15-минутен тест за ковид-19, чија клучна состојка е пекарски квасец.

    Владата на Квинсленд ѝ одобри 1,5 милијарди долари на биотехнолошката фирма „Шјинг технолоџис“ за финансирање на проектот, за кој истражувачите велат дека функционира на сличен начин како тест за бременост.

    „Неколку капки од специјален раствор се ставаат на брисот од нос, по што тестот се нанесува на лента и резултатите се добиваат во рок од пет до 15 минути, во зависност од тоа колку сте заразени“, појасни шефот на истражувањето Јадвир Гревал.

    Тој додава дека квасецот е обложен со честички кои го заробуваат вирусот како лепенка, по што тој се комбинира со технологијата што се користи во тестовите за бременост.

    „Останатите тестови на пазарот се одлични, сите се добри, но тие не прават разлика помеѓу жив и мртов вирус. Сличен тест се развива и во САД и би можел да почне да се користи до крајот на годината“, додаде Гревал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира