АВСТРАЛИСКИТЕ ВЛАСТИ НУДАТ НАГРАДА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА ДА СЕ ПРОНАЈДЕ ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ЗА КОЕ СТРАВУВААТ ДЕКА Е КИДНАПИРАНО

    АВСТРАЛИСКИТЕ ВЛАСТИ НУДАТ НАГРАДА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА ДА СЕ ПРОНАЈДЕ ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ЗА КОЕ СТРАВУВААТ ДЕКА Е КИДНАПИРАНОКлио Смит исчезнала во саботата наутро

    Австралиските власти понудија награда од милион долари за информација која може да доведе до пронаоѓање на четиригодишно девојче, за кое стравуваат дека е киднапирано од зафрлен крајбрежен камп. Клио Смит последен пат била видена како спие во шаторот на нејзиното семејство во саботата наутро.

    Нејзината мајка Ели Смит изјави дека подоцна тоа утро забележала дека шаторот е отворен и дека девојчето го нема, заедно со нејзината вреќа за спиење. Тимовите ја пребаруваат областа, вклучувајќи го и морето.

    „Некој од нашата заедница знае што се случило со Клио. Некој знае нешто што може да помогне и сега има милион причини зошто треба да излезе во јавност“, изјави комесарот на полицијата на Западна Австралија, Кол Бленч.

    Полицијата стравува дека Клио не ја напуштила областа сама бидејќи шаторот бил отворен повеќе одошто таа можела да досегне.

    „Се надеваме дека ќе ја пронајдеме жива, но многу сме загрижени за нејзината безбедност. Бидејќи потрагата трае веќе некое време, сè повеќе веруваме дека била киднапирана“, додаде Бленч.

    Семејството Смит било на викенд во кампот, оддалечен 900 километри од Перт. Ели Смит кажа дека последен пат ја видела Клио во 1:30 часот, а во шест часот не била во шаторот, во кој спиела во одделна соба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира