Австриски планинар е прогласен за виновен за грубо убиство од небрежност откако неговата девојка починала од смрзнување на највисоката планина во Австрија. Именуван како Томас П., тој доби пет месеци условно и казна од 9.600 евра.
Керстин Г. починала од хипотермија за време на искачувањето на Глослокнер во јануари 2025.
Судот рече дека претходното чисто досие на Томас и загубата на блиско лице биле земени како олеснителни фактори при изрекувањето на казната. Судијата Норберт Хофер, кој и самиот е искусен планинар, кажа дека Томас е одличен алпинист, додека неговата девојка имала неспоредливо помали планинарски способности. Тој додаде дека двојката требала да се врати назад бидејќи Керстин немала искуство за качување во зимски услови.
На судењето сведочеше и Андреа Б., поранешна девојка на Томас, која рекла тој и неа ја оставил сама на Глослокнер во 2023.
Томас се обвинуваше дека ја оставил Керстин незаштитена и исцрпена блиску до врвот во лоши временски услови, кога отишол да бара помош. Обвинителите кажаа дека тој како поискусен планинар бил одговорниот водич на качувањето и не се вратил назад или не повикал помош навреме за да ѝ помогне. На врвот во тој момент имало силни ветрови до 74 километри на час, со температура од -8 степени, што се чувствувало како -20.
„Томас П. никогаш не требало да си дозволи да се најде во оваа ситуација“, рече обвинителот.
Томас П. се изјасни како невин. Тој му рече на судот дека длабоко жали, дека ја сакал својата девојка и дека заедно го испланирале патувањето.
Случајот е невообичаен бидејќи иако несреќите при искачување се чести, судењата за нив се ретки, дури и во ситуации како оваа каде што биле направени низа грешки.



