Германската полиција застрела Австриец кој со нож упадна во берлинската катедрала, но овој инцидент не се третира како терористички чин.
Педесет и тригодишниот маж бил погоден во нога, а еден полицаец, исто така, е повреден во инцидентот.
Околу 100 луѓе биле во катедралата во моментот кој тој упаднал внатре и еден вработен веднаш повикал полиција. Сведоците изјавија дека напаѓачот изгледал доста конфузно.
„Ги советуваме луѓето да избегнуваат шпекулации, во скоро време ќе има повеќе детали за инцидентот“, соопшти полицијата.
Берлинската катедрала од 19. век се наоѓа во самиот центар на градот и е една од главните туристички атракции на градот.