АВСТРИЈА ПРЕД НОВИ ИЗБОРИ ОТКАКО КРАЈНАТА ДЕСНИЦА НЕ УСПЕА ДА ФОРМИРА ВЛАДА

    АВСТРИЈА ПРЕД НОВИ ИЗБОРИ ОТКАКО КРАЈНАТА ДЕСНИЦА НЕ УСПЕА ДА ФОРМИРА ВЛАДАХерберт Кикл требаше да стане првиот крајнодесничарски канцелар во Австрија по Втората светска војна (Фото: АП)

    Лидерот на крајнодесничарската Партија на слободата (ФПО) Херберт Кикл повика брзо да се распишат нови парламентарни избори во Австрија откако пропаднаа преговорите за коалиција со конзервативната Народна партија (ОВП).

    ФПО за првпат победи на изборите во септември, освојувајќи 28% гласови и во јануари доби мандат за формирање влада, но не успеа да се договори со ОВП за клучни министерски позиции и за прашања како имиграција. Главниот проблем се појави откако ОВП не го прифати барањето на Кикл неговата партија да ги добие министерствата за внатрешни работи и за финансии.

    „Иако направивме бројни отстапки, жалиме што преговорите на крајот беа неуспешни“, изјави Кикл, кој требаше да стане првиот крајнодесничарски канцелар во Австрија по Втората светска војна.

    По пропаѓањето на преговорите, претседателот Александер фан дер Белен кажа дека има неколку опции, како нови избори и експертска влада, каква што имаше во Австрија во 2019. Ако има нови избори, ФПО повторно ќе биде фаворит зашто има убедливо водство во анкетите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира