Австрискиот канцелар Себастијан Курц побара предвремени избори откако неговиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе оставка поради корупциски скандал. Тој кажа дека му сугерирал на претседателот Александар ван дер Белен што е можно побрзо да распише нови избори.
Народната партија на Курц е на власт во коалиција со Партијата на слободата на Штрахе. Лидерот на Партијата на слободата поднесе оставка откако излезе видеоснимка како разговара за владини договори со наводен руски инвеститор. Штрахе кажа дека бил под дејство на алкохол и се однесувал како тинејџер и дека се повлекува за да не ѝ нанесува дополнителна штета на владата
„Му сугерирав на претседателот на републиката дека треба да се одржат нови избори во најбрз можен рок. По вчерашното видео, морам да кажам искрено: Што е многу, многу е“, изјави Курц и додаде дека е лично навреден од видеото.