Австрискиот парламент денеска го разреши канцеларот Себастијан Курц и неговата влада. Неговиот поранешен коалиционен партнер ФПО го поддржа предлогот за гласање недоверба на опозициската СПО. ФПО се наоѓа среде политички скандал предизвикан од тајно видео, поради што и се распадна коалицијата. Австрискиот претседател сега мора да одлучи кој ќе биде канцелар. Новиот канцелар ќе ја предводи привремената влада до изборите во септември.
- АВСТРИСКИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР ДАДЕ ОСТАВКА ПО ВИДЕОТО ВО КОЕ БАРА ПАРИ ЗА КАМПАЊА ОД ЛАЖЕН РУСКИ ДОНАТОР
- АДВОКАТ ОД ВИЕНА ПРИЗНА ДЕКА СТОИ ЗАД ВИДЕОТО ОД ИБИЦА КОЕ ЈА РАСТУРИ ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА ВО АВСТРИЈА
Курц, лидер на конзервативната Австриска народна партија, е првиот канцелар на кого му била изгласана недоверба по Втората светска војна. Опозициската СПО, која има само 52-ца пратеници од вкупно 183 доби поддршка од 51 пратеник, колку што има ФПО и тоа беше доволно да се собори владата на Курц.