АДВОКАТ ОД ВИЕНА ПРИЗНА ДЕКА СТОИ ЗАД ВИДЕОТО ОД ИБИЦА КОЕ ЈА РАСТУРИ ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА ВО АВСТРИЈА

    АДВОКАТ ОД ВИЕНА ПРИЗНА ДЕКА СТОИ ЗАД ВИДЕОТО ОД ИБИЦА КОЕ ЈА РАСТУРИ ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА ВО АВСТРИЈАШтрахе и уште еден десничарски политичар се снимени на шпанскиот остров Ибица (Фото: ДПА)

    Адвокат од Виена објави дека е вклучен во правењето на снимката која доведе до оставката на австрискиот вицеканцелар Штрахе, инаку лидер на крајната десница.

    Именуван од германскиот весник „Билд“ како Рамин Мирфахрај, тој вели дека ова бил „граѓански проект со пристап на истражувачко новинарство“.

    Во изјавата сепак не се открива кој стои зад операцијата, ниту кој ја платил. Скандалот беше именуван „Ибица-гејт“, според шпанскиот остров на којшто е снимено видеото и во него Штрахе опуштено се дружи со Јохан Гуденус од Слободарската партија, додека чекаат да се сретнат со наводна внука на руски олигарх. Штрахе потоа ѝ нуди јавни зделки доколку купи голем удел во весникот „Кронен цајтунг“.

    „Нашите мотиви за објавување на снимката беа политички демократски и законски“, се вели во изјавата на адвокатот, еден од тројцата против кои Штрахе најави тужба.

    Скандалот предизвика растурање на владејачката коалиција и канцеларот Курц в понеделник ќе се соочи со гласање за доверба во парламентот. Нови избори би требало да се одржат во септември.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари