АВТОМОБИЛ УДРИ ВО ПЕШАЦИ ВО СЕУЛ, НАЈМАЛКУ ДЕВЕТ МРТВИ

    АВТОМОБИЛ УДРИ ВО ПЕШАЦИ ВО СЕУЛ, НАЈМАЛКУ ДЕВЕТ МРТВИВозачот е уапсен на самото место (Фото: АП)

    Најмалку девет луѓе загинаа откако автомобил удри во пешаци во центарот на Сеул, главниот град на Јужна Кореја. Инцидентот се случи во 21;30 часот по локално време, кажа полицијата.

    Новинската агенција „Јонхап“ објави дека маж во 60-ти години удрил во пешаци кои чекале на пешачки премин. Уште најмалку четири лица се превезени во болница. Полицијата предупреди дека бројот на жртвите би можел да расте.

    Еден локален медиум објави дека автомобилот се движел во погрешна насока и прво се судрил со две возила пред да удри во пешаците. Возачот е уапсен на самото место и наводно ѝ рекол на полицијата дека автомобилот нагло му убрзал.

    Шестмина луѓе починале на самото место, а тројца дополнително им подлегнале на повредите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира