27-годишен азилант од Авганистан признал дека го извршил тројното убиство во бордел во Виена во петокот вечер. Тој беше уапсен со нож во рацете веднаш по злосторството и австриските медиуми денеска објавија дека го признал делото за време на испрашувањето во полиција.
Во петокот вечер, три жени беа најдени мртви во еротско студио во сиромашен кварт во австриската престолнина. Жените беа најдени со исеченици и рани од убоди, кажа полицискиот портпарол Филип Хаслингер.
Жртвите најверојатно се кинески државјанки и сопственичката на борделот е најверојатно меѓу нив.