БАЈДЕН ГО ПРЕДУПРЕДИ ИЗРАЕЛ ДЕКА ИРАН СПРЕМА НАПАДИ И МУ ВЕТИ ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА

    БАЈДЕН ГО ПРЕДУПРЕДИ ИЗРАЕЛ ДЕКА ИРАН СПРЕМА НАПАДИ И МУ ВЕТИ ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА13 луѓе загинаа во воздушниот напад на 1 април, чија мета беше иранскиот конзулат во Дамаск (Фото: АП)

    Џо Бајден му вети железна американска поддршка на Израел среде стравувањата дека Иран би можел да лансира напади како одмазда за неодамнешното убиство на генерали на Иранската револуционерна гарда во Сирија. Американскиот претседател предупреди дека Иран се заканува со значајни напади откако Израел пред десет дена го ракетираше иранскиот конзулат во Дамаск.

    Ќе сториме сѐ што е во нашата моќ за да го заштитиме Израел“, изјави Бајден.

    Ова уследи откако иранскиот лидер ајатолахот Али Хаменеи изјави дека нападот во Дамаск е рамен на напад на самиот Иран.

    Кога Израел го нападна нашиот конзулат, тоа беше како да нападнал наша територија. Режимот на злото мора да биде казнет“, изјави Хаменеи.

    Засега е нејасно какви напади би можел да изведе Иран. Директни напади врз Израел би можеле да резултираат со уште поголема ескалација на конфликтот во регионот, но некои аналитичари велат дека Иран нема воени капацитети за значаен судир. Друга опција е напад преку проирански групи како Хезболах.

    Исто така, ирански функционер викендов ги предупреди израелските амбасади дека веќе не се безбедни.

    Тринаесетмина луѓе загинаа во воздушниот напад на 1 април, чија мета беше иранскиот конзулат во Дамаск. Израел не ја презеде одговорноста, но нашироко се смета дека стои зад него.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира