БАЈДЕН МУ ИСПРАЌА ВОЕНА ПОМОШ НА ИЗРАЕЛ И РАСПОРЕДУВА БРОДОВИ ВО РЕГИОНОТ, БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ НАДМИНА 1.000

    БАЈДЕН МУ ИСПРАЌА ВОЕНА ПОМОШ НА ИЗРАЕЛ И РАСПОРЕДУВА БРОДОВИ ВО РЕГИОНОТ, БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ НАДМИНА 1.000Од израелската војска кажаа дека досега биле погодени 800 цели на Хамас во Газа (Фото: АП)

    Џо Бајден изјави дека Израелските одбранбени сили ќе добијат дополнителна помош од САД, која е веќе на пат за Израел, а дел ќе биде испратен во следните денови. Во исто време, американскиот министер за одбрана Лојд Остин нареди испловување на носачот на авиони „Џералд Форд“ во источен Медитеран, што следува по изненадувачкиот напад на Хамас, во кој има над 1.000 мртви на двете страни.

    Џералд Форд“ со 5.000 морнари и флота авиони ќе биде придружуван од крстосувачи и разурнувачи, кои ќе бидат подготвени да одговорат на разни дејства, како евентуално спречување дополнително оружје да стигне до Хамас.

    Вака големо распоредување има за цел да спречи засилување на конфликтот, откако израелската влада денеска и официјално објави војна и даде зелено светло за „значајни одмазднички чекори кон Хамас“. Од израелската војска кажаа дека досега биле погодени 800 цели на Хамас во Газа и биле убиени стотици милитанти.

    Според последните информации, од почетокот на насилствата загинале над 600 луѓе во Израел и најмалку 413 во Газа и се очекува овие бројки да растат. САД, Велика Британија, Франција, Германија и Украина потврдија дека меѓу загинатите и исчезнатите има нивни државјани.

    Лидерот на Исламски џихад, Зијад Нахалех, вечерва соопшти дека во Газа се држат десетици израелски заробеници.

    Тие нема да бидат ослободени сѐ додека Израел не ги пушти сите палестински затвореници. Држиме десетици заробеници и тоа е сѐ што можам да кажам“, изјави Нахалех.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира