БАЈДЕН НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ Ѝ ДОЗВОЛИ НА УКРАИНА ДА ЈА НАПАЃА РУСИЈА СО ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ

    БАЈДЕН НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ Ѝ ДОЗВОЛИ НА УКРАИНА ДА ЈА НАПАЃА РУСИЈА СО ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛПутин кажа дека вината за секој напад врз руската територија ќе биде на западните добавувачи на оружје (Фото: Гети)

    Џо Бајден најави дека Вашингтон ќе ги укине ограничувањата и ќе ѝ дозволи на Украина да ја напаѓа Русија со проектили со долг дострел. САД досега се воздржуваа од ова, стравувајќи дека конфликтот би можел да ескалира.

    Владимир Путин претходно кажа дека ова би можело да доведе до многу сериозни проблеми.

    Постојаната ескалација може да доведе до сериозни последици. Дали западот сака глобален конфликт?“, изјави Путин во мај.

    Тој додаде дека вината за секој напад врз руската територија ќе биде на западните добавувачи на оружје, иако Украина ги изведува.

    Најавата на Бајден доаѓа во пресрет на посетата на Киев од страна на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.

    Една од целите на посетата е да слушнеме директно од украинските лидери кои се нивните цели и како можеме да ги поддржиме“, кажа Блинкен.

    Тој го обвини Иран дека ја снабдува Русија со балистички проектили со краток дострел, кои би можеле да почнат да се користат против Украина за неколку недели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира