БАЈДЕН НАРЕДИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ ПРОИРАНСКИ МИЛИЦИИ ВО СИРИЈА

    БАЈДЕН НАРЕДИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ ПРОИРАНСКИ МИЛИЦИИ ВО СИРИЈААкција беше одговор на неодамнешните напади во Ирак, кога загина еден американски државјанин (Фото: ЕПА)

    Американската војска изведе воздушен напад врз проирански милиции во Сирија, што е прва воена операција откако Џо Бајден влезе во Белата куќа.

    „Во нападот се уништени повеќе објекти лоцирани на гранична контролна точка што ја користат милитантни групи поддржани од Иран“, објави Пентагон.

    Бајден ја издал наредбата за акцијата како одговор на неодамнешните напади врз персонал на САД и на коалициските партнери во Ирак, при што загина еден американски државјанин. Уште петмина Американци се повредени во ракетниот напад во Ирбил. Ракетите погодија и американски бази во Багдад, вклучувајќи ја Зелената зона.

    „Ова беше соодветен воен одговор, кој беше изведен заедно со дипломатски мерки, при што се консултирани нашите партнери. Оваа операција испраќа недвосмислена порака“, кажа Пентагон.

    САД не потврди дали имало жртви во нападот, а според Сириската опсерваторија за човекови права, загинале најмалку 17 проирански борци.

    „Во нападите се уништени камиони кои превезувале муниција. Има многу жртви“, изјави Рами Абдул Рахман од Опсерваторијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира