Американскиот претседател Џо Бајден вели дека откажал од реизбор бидејќи се плашел дека внатрепартиската битка околу неговата кандидатура ќе им нанесе штета на Демократите и дека негов највисок приоритет бил да се порази Доналд Трамп на изборите во ноември.
Во неговото прво интервју откако се повлече од трката, 81-годишниот Бајден кажа дека нема сериозен здравствен проблем и дека причина за неговиот слаб настап на дебатата со Трамп била болест, а не годините.
Американскиот претседател вети дека ќе учествува во кампањата на Камала Харис и дека ќе направи сè за да и помогне.
„Мораме, мораме да го победиме Трамп. Извесен број од моите колеги Демократи во Претставничкиот дом и во Сенатот сметаа дека јас ќе им наштетам на изборите. И јас бев загрижен дека ако останам во трката, тоа ќе биде тема. Ќе ме интервјуиравте за ‘зошто Ненси Пелоси кажа, и зошто кажа така’, и тоа ќе беше одвлекување на вниманието“, рече Бајден.
Тој смета дека ако продолжел со кампањата, претседателската трка ќе била неизвесна до самиот крај.
Бајден ја повлече кандидатурата на 21 јули и ја поддржа потпретседателката Камала Харис да биде кандидат за претседател на Демократите.