БАРАМЕ ВЕДНАШ ДА ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ГРЕНЛАНД, КАЖА ТРАМП

    БАРАМЕ ВЕДНАШ ДА ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ГРЕНЛАНД, КАЖА ТРАМПТрамп оцени дека Европа се движи во лоша насока (Фото: Гети)

    Доналд Трамп побара веднаш да почнат преговори за американско преземање на Гренланд, обраќајќи им се на присутните на Светскиот економски форум во Давос. Тој пристигна во Швајцарија со неколкучасовно доцнење откако на неговиот авион се појавил мал електричен проблем, поради што морал да се врати назад.

    Имам огромна почит кон народите на Гренланд и Данска. Гренланд е огромна, речиси ненаселена и неразвиена земја која седи незаштитена. Таму нема ретки земјени елементи. Она што е важно е неговата стратешка национална безбедност и меѓународната безбедност. Барам веднаш да почнеме преговори за преземање на Гренланд. Американските претседатели речиси два века бараат да го купат Гренланд. Нема знаци на Данска на тој остров. Само САД можат да го заштитат, развијат и унапредат“, рече Трамп, додавајќи дека САД нема да употребат прекумерна сила за да го добијат тоа што го сакаат.

    Трамп оцени дека Европа се движи во лоша насока.

    Не ја препознавам Европа. Ја сакам Европа и сакам да прави добри работи, но Европа не се движи во добра насока. Делови од светот пропаѓаат пред наши очи, а лидерите не прават ништо во врска со тоа“, рече Трамп.

    Наспроти Европа, Трамп кажа дека во САД економијата цути, нема инфлација, а опасните граници се затворени.

    Пред една година бевме мртва држава под водство на радикални левичари, а денес сме најмоќната земја и економски мотор на светот. Ако ние паднеме, и вие паѓате“, кажа Трамп, тврдејќи дека за една година го намалил месечниот трговски дефицит на САД за 77% без да има инфлација.

    Осврнувајќи се на Венецуела, Трамп кажа дека ќе ѝ помогне да живее подобро.

    Откако заврши нападот, ни кажаа ‘ајде да направиме договор‘. Им помагаме, ќе заработуваат повеќе пари од кога било. Во следните шест месеци ќе заработат повеќе одошто во последните 20 години“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира