БЕГАЛКА ОД ТУРЦИЈА СО ЦВРСТ ПРИСТАП КОН ИМИГРАЦИЈАТА МОЖЕ ДА СТАНЕ ПРВАТА ЖЕНА НА ПРЕМИЕРСКАТА ФУНКЦИЈА ВО ХОЛАНДИЈА

    БЕГАЛКА ОД ТУРЦИЈА СО ЦВРСТ ПРИСТАП КОН ИМИГРАЦИЈАТА МОЖЕ ДА СТАНЕ ПРВАТА ЖЕНА НА ПРЕМИЕРСКАТА ФУНКЦИЈА ВО ХОЛАНДИЈАДилан Јешилгез досега беше министерка за правда, а од оваа година е лидерка на партијата ВВД (Фото: АФП)

    Во холандската политика се насетува почеток на нова ера по претстојните парламентарни избори, што ќе се одржат на 22 ноември. Не само што партија формирана пред три месеци води во анкетите, туку Холандија за првпат би можела да има жена на премиерската функција.

    По 13 години како премиер, Марк Руте не се кандидира на изборите, кои беа распишани по колапсот на неговата последна влада под притисок на низа домашни проблеми.

    Иако поминаа само две години од последното гласање, многумина од лидерите се нови, вклучувајќи ги двајцата најголеми фаворити: Дилан Јешилгез (46) е новата шефица на партијата на Руте, ВВД, а Питер Омцихт (49) ја предводи партијата Нов социјален договор (НСЦ), која се појави на политичката сцена во август годинава. На Јешилгез ѝ се даваат поголеми шанси да стане премиер.

    Своевремено нарекувана „питбул во високи потпетици“, Јешилгез важеше за тежок преговарач и силен комуникатор додека беше министерка за правда во последниот кабинет на Руте.

    Како ќерка на турско-курдски бегалци, таа дошла во Холандија кога имала седум години, но во последните години зазеде поцврст пристап кон имиграцијата, ветувајќи дека ќе воведе двостепен систем за азил, ќе ги откаже дозволите за постојан престој и ќе воспостави подобра контрола над сите форми на миграција. За разлика од Руте, таа не ја отфрла можноста за соработка со антиимиграцискиот популист Герт Вилдерс, чија Партија за слободата котира на четвртото место во анкетите, зад унијата Зелени-Лабуристи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира