БЕЛАТА КУЌА ПОБАРА ОСТАВКА ОД АМБАСАДОРКАТА НА САД ВО ГРЦИЈА, КИМБЕРЛИ ГИЛФОЈЛ

    БЕЛАТА КУЌА ПОБАРА ОСТАВКА ОД АМБАСАДОРКАТА НА САД ВО ГРЦИЈА, КИМБЕРЛИ ГИЛФОЈЛГилфојл еден период беше свршена за Доналд Трамп Џиниор (Фото: АП)

    Белата куќа побара од американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, да поднесе оставка откако медиумите објавија низа скандали поврзани со неа, изјави новата портпаролка на Доналд Трамп, Кејти Закарија.

    Во серија написи, „Вол стрит џурнал“ извести за проблематичното однесување на Гилфојл, што вклучувало наводна закана кон грчки функционер, прифаќање несоодветни подароци и услуги и понуда да го искористи своето влијание во администрацијата во замена за плаќање висока сметка од кредитна картичка.

    Гилфојл ги негираше обвинувањата за недолично однесување, а нејзините адвокати ја оспорија легитимноста на СМС-пораките до донаторот на Трамп, Ерик Детерс, велејќи дека тој ѝ должел пари на Гилфојл за говори и консултантска работа.

    Гилфојл еден период беше свршена за најстариот син на претседателот, Доналд Трамп Џиниор, но двојката се раздели пред неколку години. Пред да стане амбасадорка, Гилфојл беше долгогодишна јавна поддржувачка на Трамп и водителка на „Фокс њуз“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира