БЕЛОРУСКИ НОВИНАРКИ ОСУДЕНИ НА ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗАШТО СНИМАЛЕ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЛУКАШЕНКО

    БЕЛОРУСКИ НОВИНАРКИ ОСУДЕНИ НА ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗАШТО СНИМАЛЕ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЛУКАШЕНКОКатерина Андреева и Дарија Чулцова се обвинети дека со своите акции поттикнувале неред во Минск (Фото: ЕПА)

    Две белоруски новинарки се осудени на две години затвор зашто снимале протест против лидерот Александер Лукашенко. Тие се осудени под обвинение за поттикнување протести.

    Дваесет и седумгодишната Катерина Андреева и 23-годишната Дарија Чулцова, вработени во телевизијата „Белсат“ со седиште во Полска, биле уапсени во станбен блок во Минск во ноември додека вршеле онлајн пренос од протест.

    Телевизијата ги отфрли обвинувањата дека двете новинарки го попречиле јавниот превоз во Минск со прикажувањето на снимките од протестот. Тие снимале од 14. спрат на станбена зграда на 15 ноември, при што истражителите утврдиле дека поттикнувале неред, што довело до запирање на 13 автобуски линии, а биле блокирани и трамваи и тролејбуси.

    По изборите во август, на кои Лукашенко беше прогласен за убедлив победник, опозицијата организираше масовни протести секоја недела, при што беа уапсени илјадници демонстранти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира