БЕРЛИН ГИ ОТВОРА НОЌНИТЕ КЛУБОВИ САМО ЗА ВАКЦИНИРАНИ И ОЗДРАВЕНИ ОД КОВИД-19

    БЕРЛИН ГИ ОТВОРА НОЌНИТЕ КЛУБОВИ САМО ЗА ВАКЦИНИРАНИ И ОЗДРАВЕНИ ОД КОВИД-19Берлинските ноќни клубови привлекуваат три милиони странски туристи годишно (Фото: АФП)

    Легендарните ноќни клубови во Берлин, кои се столб на ноќниот живот и економијата на градот, повторно можат да работат, но внатре ќе можат да влезат само оние кои се вакцинирани или го прележале ковид-19, објави градската власт.

    Како еден од последните сектори кој повторно се отвора во пандемијата, тие ќе почнат да ги користат придобивките на новата политика од овој викенд. Посетителите притоа нема да мора да носат маска.

    Некои места почнаа да работат на отворен простор ова лето и притоа од гостите се бараше да приложат доказ дека се вакцинирани или го прележале ковид-19 или негативен ПЦР тест, но и заштитните маски беа задолжителни.

    Градските власти со ова ја реализираат судската одлука од 20 август, според која забраната за одржување забави во затворено не може да се однесува на вакцинирани и оздравени од ковид-19.

    Берлинските ноќни клубови имаат донесено 1,5 милијарди евра на локалната економија во 2018 и привлекуваат три милиони странски туристи годишно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира