Берни Сандерс, чија кампања за претседателските избори во 2016 година ја преобликуваше политиката на Демократите, објави дека ќе се обиде уште еднаш во 2020.
„Нашата кампања нема за цел само да го порази Доналд Трамп. Ние сакаме целосно да ја трансформираме земјата и да создадеме влада, која ќе се базира на принципите на економска, социјална и расна правда“, изјави 77-годишниот Сандерс, кој се опишува себеси како демократски социјалист.
Ентузијастичниот прогресивен сенатор од Вермонт ја шокираше Демократската партија кога ја предизвика фаворизираната Хилари Клинтон и иако не ја доби номинацијата, неговата кампања помогна да се постават основите на денешната левоориентирана политика на Демократите. Тој освои 13 милиони гласови во 2016 година, без да води скапа кампања.