БЕЗБЕДНО Е ДА СЕ ЗЕМА ПАРАЦЕТАМОЛ ВО БРЕМЕНОСТ, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ, КОЕ ГО ПОБИВА ТВРДЕЊЕТО НА ТРАМП ЗА АУТИЗАМ

    БЕЗБЕДНО Е ДА СЕ ЗЕМА ПАРАЦЕТАМОЛ ВО БРЕМЕНОСТ, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ, КОЕ ГО ПОБИВА ТВРДЕЊЕТО НА ТРАМП ЗА АУТИЗАМЕкспертите велат дека оваа последна анализа е ригорозна и треба да стави крај на дебатата за безбедноста на лекот

    Земањето парацетамол за време на бременост е безбедно и нема докази дека го зголемува ризикот од аутизам, АДХД и развојни проблеми кај децата, покажа ново големо истражување.

    Експертите велат дека бремените жени можат да им веруваат на наодите, кои се спротивставуваат на контроверзните тврдења на американскиот претседател Доналд Трамп дека парацетамолот не е добар и дека бремените жени не треба да го земаат. Неговите ставови тогаш беа критикувани од медицинските организации ширум светот.

    Експертите велат дека оваа последна анализа, објавена во списанието „Лансет“, е ригорозна и треба да стави крај на дебатата за безбедноста на лекот. Но, американските здравствени претставници тврдат дека „многу експерти“ изразиле загриженост во врска со неговата употреба за време на бременост.

    Американскиот претседател шокираше многу лекари ширум светот минатата година, кога тој и неговата влада тврдеа дека парацетамолот или неговата брендирана верзија тиленол, кој се смета за најдобар лек против болки за бремени жени, може да биде поврзан со појава на аутизам кај децата доколку се зема за време на бременост.

    Во новото истражување биле разгледани 43 од најпродуктивните студии за употребата на парацетамолот за време на бременост во кои учествувале стотици илјади жени, особено оние што споредувале бремености каде што мајката го земала лекот со бремености каде што не го земала. Истражувачите велат дека со користењето на овие висококвалитетни студии можат да се отфрлат други фактори како што се различни гени и семејни средини, што ја прави нивната анализа „златен стандард“.

    Кога ја направивме оваа анализа, не пронајдовме никакви врски, никаква поврзаност, немаше докази дека парацетамолот го зголемува ризикот од аутизам. Пораката е јасна – парацетамолот останува безбедна опција за време на бременост кога се зема според упатствата“, изјави водечкиот автор на студијата и консултант акушер Асма Калил.

    Во анализата се вели дека сите претходно објавени врски помеѓу лекот и зголемениот ризик од аутизам веројатно се објаснуваат со други фактори, а не со директен ефект од самиот парацетамол.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира