БИДЕЈЌИ НЕ МИ ДАДОВТЕ НОБЕЛОВА НАГРАДА, ВЕЌЕ НЕМАМ ОБВРСКА ДА СЕ ФОКУСИРАМ САМО НА МИР, МУ ПИШАЛ ТРАМП НА НОРВЕШКИОТ ПРЕМИЕР

    БИДЕЈЌИ НЕ МИ ДАДОВТЕ НОБЕЛОВА НАГРАДА, ВЕЌЕ НЕМАМ ОБВРСКА ДА СЕ ФОКУСИРАМ САМО НА МИР, МУ ПИШАЛ ТРАМП НА НОРВЕШКИОТ ПРЕМИЕРТрамп смета дека САД можат да го одбранат Гренланд од Кина и Русија (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп му рекол на норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе дека повеќе не се чувствува обврзан да се фокусира исклучиво на мирот откако лани не му беше доделена Нобеловата награда за мир. Тој му пратил писмо на Сторе среде засилените барања за преземање на Гренланд, велејќи дека го променил пристапот кон меѓународните прашања.

    Драг Јонас, бидејќи вашата земја одлучи да не ми ја додели Нобеловата награда за мир за запирање на повеќе од осум војни, повеќе не чувствувам обврска да размислувам исклучиво за мирот, иако тоа секогаш ќе биде доминантно, туку сега можам да размислувам за тоа што е добро и соодветно за Соединетите Американски Држави“, напишал Трамп.

    Од канцеларијата на норвешкиот премиер го потврдија постоењето на пораката.

    Во истата порака Трамп го довел во прашање суверенитетот на Данска врз Гренланд, повторувајќи дека островот не може да се одбрани од Кина и Русија без американска вмешаност.

    Зошто Данска воопшто ги има сопственичките права? Нема пишани документи, освен што е познато дека таму се истоварил брод пред стотици години. Но, и ние имавме бродови што се истовариле таму. Светот нема да биде безбеден додека немаме целосна контрола врз Гренланд“, рекол Трамп.

    Сторе ги отфрлил тврдењата на Трамп во врска со Нобеловата награда, појаснувајќи дека ја доделува независниот норвешки Нобелов комитет, а не норвешката влада.

    Норвешка е една од осумте европски држави на кои Трамп им се закани со царина од 10% поради Гренланд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира