БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ ДОНИРА 200 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ДО 2045, 99% ОД НЕГОВОТО БОГАТСТВО

    БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ ДОНИРА 200 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ДО 2045, 99% ОД НЕГОВОТО БОГАТСТВОГејтс вели дека не планира да умре богат (Фото: АП)

    Бил Гејтс вети дека ќе донира 200 милијарди долари преку својата фондација до 2045 година и притоа го нападна Илон Маск, обвинувајќи го дека ги убива најсиромашните деца на светот со укинувањето на американската странска помош.

    Шеесет и деветгодишниот Гејтс кажа дека ги забрзува плановите за распределба на речиси целото негово богатство и дека ќе ја затвори фондацијата на 31 декември 2045, порано од она што беше најавено. Гејтс се надева дека парите ќе помогнат да се искоренат болести како детска парализа и маларија, да се намали светската сиромаштија и да се стави крај на смртните случаи на жени и деца што можат да се спречат.

    Сликата како најбогатиот човек на светот ги убива најсиромашните деца на светот не е убава. Бројот на смртни случаи ќе почне да расте. Ќе има уште милиони смртни случаи поради недостиг на средства“, рече Гејтс.

    Тој и Маск своевремено се согласија да го донираат своето богатство, но потоа се судрија неколкупати.

    Луѓето ќе кажуваат многу работи за мене откако ќе умрам, но решен сум ‘умрел богат‘ да не биде една од нив. Има многу итни проблеми што треба да се решат“, кажа Гејтс.

    Неговата фондација оваа година слави четврт век постоење. Ја основал заедно со бившата сопруга Мелинда и подоцна им се придружи милијардерот Ворен Вафет. Од основањето, фондацијата има донирано 100 милијарди долари.

    Ќе биде затворена откако ќе потрошам 99% од моето лично богатство“, рече Гејтс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира