Поранешниот албански министер за животна средина Лефтер Кока, седуммина други функционери и четворица бизнисмени се осудени на затворски казни за поткуп поврзан со договор за изградба на печка за палење отпад во западна Албанија.
Специјалниот суд за корупција и организиран криминал во Тирана го осуди Кока на шест години и осум месеци затвор за корупција, злоупотреба на службената положба и перење пари. Тој исто така нема да смее да извршува јавна функција пет години.
Корупцијата долго време ја обременуваше транзицијата на Албанија во демократија. Судските реформи, усвоени во 2016 со поддршка од САД и ЕУ, креираа нови институции за борба против корупција, вклучувајќи го судот кој ја донесе оваа пресуда.
Кока беше министер од 2013 до 2017, а беше и пратеник и градоначалник на Драч. Беше обвинет дека примил мито од 3,7 милиони евра за договор за изградба на согорувач во западниот град Фјер. Кока кажа дека ќе поднесе жалба на пресудата.
Уште 11-мина други лица добија затворски казни во висина од две до осум години за слични обвиненија.