Најмалку 34 луѓе се убиени откако поранешен полицаец отворил оган во градинка во североисточниот дел на Тајланд. Напаѓачот подоцна извршил самоубиство, објавија локалните медиуми. Полицијата кажа дека меѓу жртвите има и деца и возрасни.
„Напаѓачот пукал и бодел деца и возрасни. Мотивот не е познат“, соопшти полицијата на градот Нонг Буа Лампху.
Локалните медиуми објавија дека напаѓачот лани добил отказ од полиција. Тој е идентификуван како 34-годишниот Пања Хамрап и претходно ги убил сопругата и синот. Извори од полицијата кажаа дека меѓу убиените се и 23 деца.
Масовни пукања се реткост во Тајланд. Последен голем напад се случи во 2020, кога војник уби 29 луѓе