Поранешен војник го призна убиството на словачкиот истражувачки новинар Јан Куцијак и на неговата свршеница, што се случи во февруари минатата година, објавија тамошните медиуми.
Мирослав Марчек и тројца други, кои сега се во притвор, се обвинети за убиствата што ја згрозија европската јавност, а како нарачател е именуван словачкиот бизнисмен Маријан Коцнер.
Дваесет и седумгодишниот Куцијак и Мартина Кушнирова беа пронајдени застрелани во нивниот дом во селото Велка Маца, 65 километри источно од Братислава. Куцијак во тоа време ја истражуваше можната врска помеѓу словачки бизнисмени и политичари и италијанската мафија.
Марчек призна дека пукал во двојката и дека ги возел останатите осомничени.