Некогашната соработничка на милијардерот и педофил Џефри Епстајн, Гилејн Максвел, е осудена на 20 години затвор за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација и за злоставување млади девојки.
Минатиот декември, 60-годишната Максвел беше прогласена за виновна по пет обвиненија за регрутирање и сексуална трговија на четири тинејџерки кои ги злоставувал Епстајн, нејзиното тогашно момче. Епстајн се самоуби во затворска ќелија во Менхетн во 2019.
Максвел го запознала Епстајн откако почнала да работи со недвижности во САД. Иако нивната романтична врска траела само неколку години, таа продолжила да работи за него и наводно го запознала со моќни луѓе како Бил Клинтон и британскиот принц Ендрју. Злосторсгвата за кои се товари Максвел се случиле во период од една деценија, од 1994 до 2004 година.
Облечена во затворска униформа на денешното изрекување на казната, таа им се извини на жртвите.
„Мојата соработка со Епстајн засекогаш ме оцрни. Се надевам дека мојата казна ќе им донесе мир и заокружување на жртвите“, изјави Максвел, која беше во затвор од јули 2020.