БИВШИОТ АВСТРИСКИ КАНЦЕЛАР КУРЦ ДОБИ УСЛОВНИ ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ДАВАЊЕ ЛАЖНА ИЗЈАВА

    БИВШИОТ АВСТРИСКИ КАНЦЕЛАР КУРЦ ДОБИ УСЛОВНИ ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ДАВАЊЕ ЛАЖНА ИЗЈАВАКурц негираше дека е виновен и тврдеше дека случајот е политички мотивиран (Фото: ДПА)

    Бившиот австриски канцелар Себастијан Курц доби условна казна од осум месеци затвор за давање лажна изјава во истрага за наводна корупција во владата. Судот во Виена ја донесе пресудата по четиримесечното судење.

    Ова е првпат по веќе од 30 години да му се судеше на еден бивш австриски канцелар. Курц беше на оваа функција до 2021, кога поднесе оставка поради друга истрага за корупција.

    Некогаш големата надеж на европските конзервативци, Курц беше обвинет за давање лажна изјава за неговата улога во основањето на холдинг компанијата „ОеБАГ“, за чиј директор беше именуван неговиот близок соработник Томас Шмид. Курц негираше дека е виновен и тврдеше дека случајот е политички мотивиран.

    Тој дојде на власт во 2017 кога имаше само 31 година и во тоа време беше најмладиот лидер на светот, но по само четири години беше принуден да поднесе оставка и подоцна целосно се повлече од политиката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира