БИВШИОТ ГЕРИЛЕЦ ГУСТАВО ПЕТРО СТАНА ПРВИОТ ЛЕВИЧАРСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОЛУМБИЈА

    БИВШИОТ ГЕРИЛЕЦ ГУСТАВО ПЕТРО СТАНА ПРВИОТ ЛЕВИЧАРСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОЛУМБИЈАПетро го победи кандидатот на крајната десница (Фото: АП)

    Некогашниот градоначалник на Богота и бивш герилец Густаво Петро стана првиот левичарски претседател на Колумбија, откако го победи кандидатот на крајната десница Родолфо Ернандес во вториот круг од изборите. Петро освои 50,5% гласови и неговата победа претставува голем пресврт за земјата, која со децении ја водеа умерени сили и конзервативци.

    Ова е победа за Господ и за народот“, изјави 62-годишниот Петро.

    Неговата победа значи дека Франсија Маркес ќе биде првата црна потпретседателка на земјата.

    Ернандес, чија кампања силно се потпираше на ТикТок и други социјални мрежи, го призна поразот и му порача на Петро да се зафати со вистинска борба против корупцијата.

    Петро бил припадник на сега расформираното левичарско бунтовничко движење „М-19“ во 1980-ите, една од многуте герилски организации кои водеа војна против државата. Тој помина некое време во затвор, пред да стане сенатор, конгресмен и прв човек на Богота.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира