БИВШИОТ ГРЧКИ ПРЕМИЕР ЦИПРАС ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИЧКАТА ФУНКЦИЈА ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ДЕКА ЌЕ ФОРМИРА НОВА ПАРТИЈА

    БИВШИОТ ГРЧКИ ПРЕМИЕР ЦИПРАС ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИЧКАТА ФУНКЦИЈА ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ДЕКА ЌЕ ФОРМИРА НОВА ПАРТИЈАЦипрас беше премиер на Грција од 2015 до 2019 (Фото: Гети)

    Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас поднесе оставка од пратеничката функција во парламентот среде шпекулациите дека ќе формира нова партија.

    „Давам оставка од функцијата пратеник на Сириза, но не се откажувам од политичкиот активизам. Не можам и не сакам формално да учествувам во парламент кој не е во можност да ги исполни својата уставна улога и барањата на своите граѓани“, кажа Ципрас.

    Многумина сметаат дека овој потег значи дека Ципрас планира да формира нова партија, што се стреми да ги предводи левицата и левиот центар во Грција.

    Ципрас имаше 34 години кога стана лидер на Сириза пред 17 години и под негово водство партијата напредуваше од 4,6% гласови на изборите во 2009 до 36,3% во 2015. Тој беше премиер на Грција од 2015 до 2019, во време на некои од најтурбулентните години од финансиската криза во земјата.

    Во 2023, Ципрас поднесе оставка од раководството на партијата по убедливиот пораз на парламентарните избори. Оттогаш, Сириза се бореше со внатрешни поделби и го изгуби статусот на главна опозициска партија во земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира