БИВШИОТ ЈУЖНОКОРЕЈСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЈУН ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА БУНТОТ ВО 2024

    БИВШИОТ ЈУЖНОКОРЕЈСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЈУН ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА БУНТОТ ВО 2024Обвинителите бараа смртна казна за Јун, чиј потег предизвика национална политичка криза (Фото: АП)

    Бившиот јужнокорејски претседател Јун Сук Јол е осуден на доживотен затвор откако беше прогласен за виновен за злоупотреба на службена должност и за организирање бунт, поврзано со неговиот обид за воведување воена состојба во декември 2024. Обвинителите бараа смртна казна за Јун, чиј потег предизвика национална политичка криза и ја тестираше демократската отпорност на земјата.

    Во јануари, обвинителите изјавија дека „неуставната и нелегална вонредна воена состојба на Јун ја поткопала функцијата на Националното собрание и Изборната комисија и можела да го уништи либерално-демократскиот уставен поредок“.

    За организирање бунт следува смртна казна или доживотен затвор според јужнокорејскиот закон. Јужна Кореја последен пат изрече смртна казна во 2016, но никој не е погубен од 1997 година.

    Долги затворски казни добија уште петмина јужнокорејски функционери, од кои бившиот министер за одбрана Ким Јонг-хјун е осуден на 30 години затвор.

    Судијата изјави дека Јун е виновен за бунт зашто мобилизирал воени и полициски сили во нелегален обид за заземање на Националното собрание предводено од либералите, апсење политичари и за воспоставување неконтролирана власт.

    Јун (65) ги негираше обвиненијата. Поранешниот обвинител тврдеше дека имал претседателско овластување да прогласи воена состојба и дека неговата акција имала за цел да ја спречи опструкцијата на владата од страна на опозициските партии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира