БИВШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕГИПЕТ ХОСНИ МУБАРАК ПОЧИНА НА 91 ГОДИНА

    БИВШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕГИПЕТ ХОСНИ МУБАРАК ПОЧИНА НА 91 ГОДИНАМубарак беше на чело на Египет 30 години, до востанието во 2011 (Фото: Ројтерс)

    Поранешниот претседател на Египет Хосни Мубарак, кој беше соборен од војската во 2011 година, почина во болница во Каиро на 91 година.

    Мубарак помина три децении на чело на државата, доаѓајќи на власт во 1981 година, набргу по атентатот на претседателот Анвар Садат. Тој имаше клучна улога во израелско-палестинскиот мировен процес.

    Роден во 1928 година, Мубарак ѝ се придружил на армијата уште како тинејџер и се истакнал во Арапско-израелската војна во 1973 година.

    Незадоволството од лошата состојба во државата кулминираше во 2011 година, кога Мубарак беше соборен од власта среде Арапска пролет, серија народни востанија во северна Африка. Тој беше затворен една година подоцна и осуден на доживотен затвор за убиството на 239 демонстранти, но во 2017 година беше ослободен од најголем дел обвиненија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира