БИВШИОТ СОВЕТНИК НА ТРАМП ПАПАДОПУЛОС ДОБИ 14 ДЕНА ЗАТВОР ПОРАДИ ЛАЖЕЊЕ НА ФБИ

    БИВШИОТ СОВЕТНИК НА ТРАМП ПАПАДОПУЛОС ДОБИ 14 ДЕНА ЗАТВОР ПОРАДИ ЛАЖЕЊЕ НА ФБИЏорџ Пападопулос му лажел на ФБИ дека со двете лица со врски со Русија се сретнал пред да влезе во тимот на Трамп (Фото: АП)

    Поранешниот советник на Доналд Трамп чии коментари во еден лондонски паб доведоа до покренување истрага за можно мешање на Русија во изборите во САД беше осуден на 14 дена затвор.

    Џорџ Пападопулос (31) изјави пред судот во Вашингтон дека „тој е патриот Американец, кој направил грешка со лажењето“.

    Тој се изјасни за виновен уште во октомври, кога призна дека лажел пред ФБИ за времето на средбите со наводните контакти со Русија.

    Пападопулос беше првиот советник на Трамп кој беше уапсен во истрагата за наводното мешање на Русија во изборите во 2016 година. Тој доби и 12 месеци условна, 200 часови работа за општо добро и казна од 9.500 долари.

    „Оваа истрага имаше глобални импликации и важно е да се знае вистината“, кажа Пападопулос.

    Тој ѝ се придружи на кампањата на Трамп во март 2016 година како доброволен советник за надворешна политика, по што го убеди дека може да му договори средба со Владимир Путин. Кога првпат бил интервјуиран од ФБИ во јануари 2017, тој кажал дека се сретнал со две лица со врски со Русија пред да влезе во тимот на Трамп.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари