БИВШИТЕ БУНТОВНИЧКИ ФРАКЦИИ СЕ ДОГОВОРИЈА ДА СЕ СПОЈАТ ВО СИРИСКАТА ВОЈСКА

    БИВШИТЕ БУНТОВНИЧКИ ФРАКЦИИ СЕ ДОГОВОРИЈА ДА СЕ СПОЈАТ ВО СИРИСКАТА ВОЈСКААхмед ал-Шара ќе се соочи со тешка задача да спречи судири помеѓу безбројните групи во Сирија (Фото: АФП)

    Новиот лидер на Сирија Ахмед ал-Шара постигна договор со шефовите на поранешните бунтовнички фракции за нивно расформирање, кои отсега ќе делуваат обединето под министерството за одбрана. Премиерот Мохамед ал-Башир минатата недела најави дека министерството ќе се преструктурира и ќе ги спои поранешните бунтовнички фракции и офицерите кои пребегнале од војската на соборениот претседател Башар ал-Асад.

    За нов министер за одбрана е назначен Мурхаф Абу Касра, една од водечките личности на бунтовничкото движење.

    Шара ќе се соочи со тешка задача да спречи судири помеѓу безбројните групи. Историските етнички и верски малцинства во Сирија вклучуваат муслимански Курди и шиити, сириски, грчки и ерменски православни христијани и заедницата Друзи.

    Шара им кажа на западните функционери дека неговата исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам нема да му се одмаздува на бившиот режим и нема да ги репресира верските малцинства.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира