БИВШИТЕ ШЕФОВИ НА ФРАНЦУСКИ ТЕЛЕКОМ НА СУД ПОРАДИ СЕРИЈА САМОУБИСТВА НА ВРАБОТЕНИТЕ

    БИВШИТЕ ШЕФОВИ НА ФРАНЦУСКИ ТЕЛЕКОМ НА СУД ПОРАДИ СЕРИЈА САМОУБИСТВА НА ВРАБОТЕНИТЕРаботничкиот синдикат во „Оранж“ соопшти дека 19 вработени се самоубиле меѓу 2007 и 2010 (Фото: АП)

    Во Париз почна судски процес против француската телеком компанија „Оранж“ и нејзиниот поранешен извршен директор Дидје Ломбар, кои се обвинети за форсирање стратегија која дестабилизирала вработени, што резултирало со серија самоубиства пред повеќе од десет години.

    Освен Ломбар, уште петмина бивши шефови и еден кој сè уште е вработен во компанијата се обвинети за „психолошко вознемирување и соучесништво“.

    Обвинителите велат дека во компанијата постоела корпоративна стратегија да се создаде „непријатна работна околина која ги дестабилизирала вработените и го поткопувала нивното достоинство“.

    Работничкиот синдикат во „Оранж“ соопшти дека 19 вработени извршиле самоубиство меѓу 2007 и 2010 година, а уште 12 се обиделе да се самоубијат во истиот период. Првата истрага во тогашниот „Франс телеком“ била отворена уште во 2009 година.

    „Оранж“ е првата голема компанија во Франција која се соочи со ваков судски процес.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира