БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ ВЕТИЈА ЕДНА МИЛИЈАРДА КОВИД ВАКЦИНИ ЗА СИРОМАШНИТЕ

    БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ ВЕТИЈА ЕДНА МИЛИЈАРДА КОВИД ВАКЦИНИ ЗА СИРОМАШНИТЕЛидерите на Британија, САД, Канада, Јапонија, Франција, Германија и Италија го завршија тридневниот самит. (Фото: Ројтерс)

    Лидерите на високоразвиените земји ветија дека ќе донираат една милијарда вакцини против ковид-19 за сиромашните земји, како „голем чекор во вакцинација во светот“, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

    На крајот од тридневниот Г7 самит, Џонсон рече дека земјите „ги отфрлаат националистичките пристапи“ и дека вакцинирањето на светот ќе ги покаже придобивките од демократските вредности на Г7.

    Џонсон најави дека сиромашните земји ќе ги добијат вакцините или директно од богатите земји или преку Ковакс механизмот на Светската здравствена организација (СЗО). Сто милиони вакцини ќе дојдат од Велика Британија.

    Лидерите на Британија, САД, Канада, Јапонија, Франција, Германија и Италија се обврзаа дека до 2050 година ќе достигнат нула отсто штетни емисии на јаглерод.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира