„БОИНГ“ И ПЕНТАГОН БИ МОЖЕЛЕ ДА ЈА ОПРЕМАТ УКРАИНА СО НОВО ОРУЖЈЕ СО ДОСТРЕЛ ОД 150 КИЛОМЕТРИ

    „БОИНГ“ И ПЕНТАГОН БИ МОЖЕЛЕ ДА ЈА ОПРЕМАТ УКРАИНА СО НОВО ОРУЖЈЕ СО ДОСТРЕЛ ОД 150 КИЛОМЕТРИУкраина има зголемена потреба од пософистицирани оружја додека војната се одолговлекува (Фото: Гети)

    Пентагон го разгледува предлогот на „Боинг“ за снабдување на украинската војска со мали, евтини и прецизни бомби кои можат да се монтираат на широко достапни ракети, што би ѝ овозможило да гаѓа далеку зад руските линии. Ова е едно од решенијата за намалувањето на американските и сојузничките армиски залихи, додека Украина има зголемена потреба од пософистицирани оружја.

    Предложениот систем на „Боинг“ наречен Ground-Launched Small Diameter Bomb (GLSDB) е еден од неколкуте планови за производство на нова муниција за Украина и источноевропските сојузници на САД, велат извори од индустријата.

    Овие проектили би можеле да бидат испорачани во Украина најрано напролет и комбинираат бомба со мал дијаметар ГБУ-39 и ракетен мотор М26, кои се вообичаени во американските воени залихи.

    Пентагон исто така планира да го прошири производството на 155-милиметарските артилериски гранати, кои моментално се прават само во владини фабрики. Инвазијата на Украина ја зголеми побарувачката по оружјето и муницијата од американско производство, додека сојузниците од источна Европа прават многу нарачки за да ја помагаат Украина.

    САД го одбија украинското барање за испорака на проектили АТАЦМС, кои имаат дострел од речиси 300 километри, но сметаат дека и бомбите GLSDB, чиј дострел е 150 километри, би ѝ овозможиле на Украина да гаѓа важни воени цели кои сега ѝ се недостапни.

    „Саб“ и „Боинг“ заеднички ги развиваат GLSDB од 2019. Ракетните мотори М26 ги има во изобилство, а една бомба ГБУ-39 чини околу 40.000 долари, што правењето на GLSDB го прави релативно евтино и достапно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира