БОЛСОНАРО НЕ ГО ПРИЗНА ПОРАЗОТ НА ИЗБОРИТЕ, НО И НЕ ЈА ОСПОРИ ПОБЕДАТА НА ЛУЛА

    БОЛСОНАРО НЕ ГО ПРИЗНА ПОРАЗОТ НА ИЗБОРИТЕ, НО И НЕ ЈА ОСПОРИ ПОБЕДАТА НА ЛУЛАБолсонаро кажа дека ќе го почитува уставот (Фото: АП)

    Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го прекина речиси дводневниот молк, но не го призна поразот на неделните избори. Тој само им се заблагодари на гласачите кои гласаа за него, без да ја оспори победата на левичарскиот ривал Лула да Силва, од што многумина се плашеа.

    По кратката изјава на Болсонаро, шефот на неговиот кабинет соопшти дека е почната транзиција на власта.

    Секогаш сум работел во рамките на уставот и ќе продолжам да го почитувам“, кажа Болсонаро, без да го спомне Лула, од кого тесно изгуби во неделата.

    Во земјата пораснаа тензиите откако Болсонаро ја прекрши традицијата и не го призна поразот на изборите. Неговите приврзаници ги блокираа патиштата низ целата земја со камиони, а оние најтврдокорните ја повикаа и војската да интервенира.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира