БОЛСОНАРО ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ ЗА ШЕСТМЕСЕЧНА ТУРИСТИЧКА ВИЗА ЗА САД

    БОЛСОНАРО ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ ЗА ШЕСТМЕСЕЧНА ТУРИСТИЧКА ВИЗА ЗА САДБолсонаро го напушти Бразил на 30 декември (Фото: Гети)

    Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро поднесе барање за шестмесечна туристичка виза за САД, потврди неговиот адвокат. Тој престојува во Флорида од 30 декември, напуштајќи го Бразил два дена пред истекот на мандатот.

    Болсонаро планира да остане во САД додека имиграциските власти го разгледуваат барањето за виза. Против него е покрената истрага во Бразил откако неговите приврзаници, кои не ја признаваат победата на Лула да Силва на ланските избори, упаднаа во парламентот, врховниот суд и во претседателската палата на 8 јануари.

    Болсонаро се надева дека ќе си ја разбистри главата и ќе ужива како турист во САД неколку месеци, пред да донесе одлука за своите следни чекори. Тој посвети 34 години од својот живот на јавната служба и сега сака да земе малку одмор“, изјави адвокатот Фелипе Алесандре.

    Болсонаро во прв момент отпатувал во САД со дипломатска виза, која важи 30 дена и по нередите во Бразилија, најави дека порано ќе се врати во земјата. Тој се обвинува дека ги поттикнал нередите со своите неосновани тврдења за изборна измама.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира