Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симонс се венчаа во саботата вечер на мала приватна церемонија, објавија британските весници. Од кабинетот на Џонсон одбија да ги коментираат извештаите за „Дејли Мејл“ и „Сан“ дека двојката се венчала во катедралата Вестминстер пред мала група пријатели и роднини.
„Сан“ објави дека дури и неговите соработници од кабинетот не знаеле за плановите за венчавката. Според актуелните ковид протоколи во Британија, на венчавки можат да присуствуваат до 30 луѓе.
Џонсон (56) и Симонс (33) се свршија во февруари 2020 и имаат едногодишен син. За Џонсон ова е трет брак, а прв за Симонс. Тој има уште пет деца од претходните врски.