БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Е РАНЛИВА И МОЖЕ ДА СЕ РАСПАДНЕ, КАЖА ВИСОКИОТ ПРЕТСТАВНИК ШМИТ, КОЈ ДАДЕ ОСТАВКА ПОД ПРИТИСОК ОД САД

    БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Е РАНЛИВА И МОЖЕ ДА СЕ РАСПАДНЕ, КАЖА ВИСОКИОТ ПРЕТСТАВНИК ШМИТ, КОЈ ДАДЕ ОСТАВКА ПОД ПРИТИСОК ОД САДШмит беше висок претставник пет години (Фото: АА)

    Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, предупреди на можно уништување на мултиетничката држава откако беше принуден да поднесе оставка во политички судир со САД, што се поврзува со комерцијалните интереси на фирма поврзана со Доналд Трамп Помладиот, која планира да инвестира во регионот.

    Шмит зборуваше на состанок со Советот за безбедност на Обединетите нации, каде што предупреди на ранливоста на Босна и Херцеговина. Тој истакна дека функцијата висок претставник треба да се задржи.

    Таа беше воспоставена како дел од Дејтонскиот мировен договор од 1995 година, со кој заврши тригодишната етничка војна. На високиот претставник му беа дадени широки овластувања за толкување на договорот, вклучително и измена на законите.

    Шмит беше висок претставник пет години, но на неговото назначување отсекогаш се спротивставуваа Русија и Република Српска, со чиј лидер Милорад Додик често се судираше.

    Постојаното негирање на мултиетничкиот карактер на ентитетите на БиХ, особено во рамките на Република Српска, еволуираше во систематско исклучување. Длабоко е загрижувачки што повторно се појавија наративи што ја прикажуваат Босна и Херцеговина како сцена за таканаречен судир на цивилизации“, рече Шмит во ОН

    Додик ја поздрави оставката на Шмит во неделата.

    Тој ја напушта Босна и Херцеговина на ист начин како што пристигна: без легитимитет, без одлука на Советот за безбедност и без поддршка од меѓународното право“, рече тој.

    Европската Унија кажа дека ќе се спротивстави на укинувањето на позицијата висок претставник за БиХ.

    Оставката на Шмит доаѓа во време кога американската фирма доби договор вреден 1,5 милијарди долари за изградба на гасовод од хрватскиот брег до Босна, преку кој би течел американски течен природен гас. Основана во ноември минатата година, компанијата е предводена од личниот адвокат на Доналд Трамп, Џеси Бинал и од Џо Флин, брат на поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин. Договорот беше доделен без тендер, со одобрување од босанскиот парламент и беше критикуван од ЕУ како можно загрозување на пристапните планови на БиХ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира