БРИСЕЛ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ЗАКОН ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЗАМРЗНАТИТЕ РУСКИ МИЛИЈАРДИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА УКРАИНА

    БРИСЕЛ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ЗАКОН ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЗАМРЗНАТИТЕ РУСКИ МИЛИЈАРДИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА УКРАИНАСпоред планот на ЕУ, Украина ќе го врати заемот само ако Русија плати репарации за штетата предизвикана од инвазијата (Фото: АП)

    Европската комисија планира да даде законски предлог оваа недела за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на Украина, а воедно да ја остави отворена можноста за задолжување на финансиските пазари или за комбинирање на двете опции, изјавија четири извори за „Ројтерс“.

    Во октомври, лидерите на ЕУ се согласија да ги покријат итните финансиски потреби на Украина за следните две години, но поради загриженоста на Белгија. не одобрија план за користење на 140 милијарди евра замрзнати руски средства во Европа како заем за Киев. Поголемиот дел од овие средства се наоѓаат на сметките на белгискиот депозитар за хартии од вредност „Евроклеар“, па белгиската влада постојано изразува загриженост за правни ризици.

    Белгискиот премиер Барт де Вевер тогаш изјави дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да го поддржи планот, посочувајќи дека тоа е „непозната територија“. Белгиската влада смета дека тужба против „Евроклир“ би можела да создаде голема финансиска криза.

    Според планот на Комисијата, Украина ќе треба да го врати заемот само ако Русија плати репарации за штетата предизвикана од инвазијата.

    Портпаролот на Европската комисија не коментираше за содржината на предложениот текст, велејќи дека комесарите ќе разговараат за опциите за финансирање на Украина и треба да ги усвојат соодветните законски предлози.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира