БРИТАНИЈА ГО ПОТПИША БАРАЊЕТО ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА АСАНЖ ВО САД

    БРИТАНИЈА ГО ПОТПИША БАРАЊЕТО ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА АСАНЖ ВО САДКонечната одлука за екстрадицијата на Асанж ќе ја донесе судот во Лондон (Фото: Гети)

    Министерот за внатрешни работи на Велика Британија Саџид Џавид го потпишал барањето за екстрадиција на Џулијан Асанж во САД, кадешто се соочува со обвиненија за хакирање и објавување на тајни воени и дипломатски документи.

    „Тој е заслужено зад решетки. САД имаат доставено барање за негова екстрадиција што ќе се најде пред суд утре, но јас го потпишав уште вчера и такво ќе оди на суд“, изјави Џавид.

    Ова го отвора патот за екстрадиција на основачот на Викиликс во САД, каде што против него се покренати 18 обвиненија, вклучувајќи и за шпионажа.

    „Конечната одлука ја носи судот, но важна улога во тоа има и Министерството за внатрешни работи. Јас сакам спроведување на правдата и барањето за екстрадиција е легитимно, па затоа и го потпишав“, кажа Џавид.

    Асанж помина седум години во амбасадата на Еквадор во Лондон, од каде што присилно беше изведен во април и моментално отслужува затворска казна од 50 недели поради прекршување на условната казна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира