БРИТАНИЈА И КАНАДА ЈА БЕЛЕЖАТ НАЈГОЛЕМАТА ИНФЛАЦИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 30 ГОДИНИ

    БРИТАНИЈА И КАНАДА ЈА БЕЛЕЖАТ НАЈГОЛЕМАТА ИНФЛАЦИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 30 ГОДИНИГоривата во Канада се поскапи за 31% во споредба со јануари 2021 (Фото: ЦБС)

    Инфлацијата во Велика Британија и Канада ја бележи највисоката стапка во изминатите три децении.

    Во декември, инфлацијата во Британија изнесувала 5,4%, а минатиот месец пораснала на 5,5%. Грент Фицнер, главниот економист во Државниот завод за статистика, вели дека цените на облеката и обувките се меѓу факторите кои придонесуваат за растот на инфлацијата.

    Сепак, таа расте низ целата економија, при што индексот на потрошувачките цени е зголемен за повеќе од двојно во споредба со поставената цел на Банката на Англија од 2%.

    „Зголемените трошоци на некои производи за домаќинството и порастот на кириите, исто така, ја поттикнаа инфлацијата. Сепак, тие беа делумно неутрализирани од пониските цени на пумпите, по рекордните вредности на крајот на 2021“, кажа Фицнер.

    Инфлацијата во Канада пораснала на 5,1% во јануари, најмногу од 1991 година, при што поскапувањето опфати речиси сè. Според Канадскиот завод за статистика, храната во продавниците поскапела за 6,5%, најмногу од 2009, а цените на горивата пораснале за 4,8% и сега се 31% повисоки во споредба со јануари минатата година.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира