БРИТАНИЈА ЈА ОДОБРИ ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА АСАНЖ ВО САД

    БРИТАНИЈА ЈА ОДОБРИ ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА АСАНЖ ВО САДАсанж е баран во САД за објавување доверливи воени и дипломатски документи (Фото: АП)

    Велика Британија ја одобри екстрадицијата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во САД. Од министерството за внатрешни работи кажаа дека тој има 14 дена за поднесување жалба.

    Асанж е баран во САД за објавување илјадници доверливи воени и дипломатски документи во 2010 и 2011, при што се соочува со низа кривични дела, како шпионажа и хакирање.

    Одлуката на министерката Прити Пател следува шест месеци откако Високиот суд на Лондон ја одобри екстрадицијата, прифаќајќи ги американските гаранции за тоа како ќе биде третиран.

    Асанж е во затвор од 2019 откако еквадорската амбасада во Лондон му го укина азилантскиот статус.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира